Вештачки дожд на F1 трка !?
0 Коментари

Од admin
Објавено на 04 Mar 2011 во 6:28pm

Берни Еклстоун доби идеа да се креира вештачки дожд за време на F1 трка со помош на прскалки. Целта е да се направат трките поинтересени и да се создадат услови за повеќе претекнувања помеѓу болидите. Само што го пофаливме Екслтоун пред некој ден во наша статија, тој почна да ја претерува.

Болидите го следат Возилото за Безбедност
дожд dozd

Марк Вебер во едно интервју за BBC истакна дека вакава идеа доколку се оствари, F1 легендите кои беа мајстори во возење на дожд (Аритон Сен и Џими Кларк) ќе се вртат во гробот. Тој исто така истакна дека вистинскиот дожд е доволен товар за време на еден Формула 1 викенд, па уште сега треба да се внимава на вештачки дожд направен од прскалки за време на убав сончев ден.

Екслтоун напомена дека прскалките нема да работат нон-стоп, туку ќе бидат темпирани да се уклучуваат во одредени период за време на трката.
Не ја претерал еклстоун малку туку малку повеќе.

Вака режирани трки нема да наликуват на трка туку на Аренa за Борба. Безбедносните мерки во Формула 1 се на најголемо ниво и ваков начин на тркање значи играње со оган.

Дожд за време на Формула 1 трка
дожд dozd

Прочитајте
Реклама

Оставете коментар