Леприконите се мали човечиња дел од ирските фолкорни приказни. Опшани се како мали старчиња со долга брада облечени во зелена облека. Нивната работа е правење на чевли во што биле големи мајстори.Заработката од занаетот ја собирале во ќупов кои го закопувале на крајот од Виножитото.
Многу приказни раскажуваат интересни работи за овие старчиња. Доколу некој ги фати и зароби, леприконот за на неговата слобода исполнувал 3 желби. Други приказни ги опишуваат како мали неранимајковци кои знаеле да прават и беља. Лошата страна кај нив се појавува кога ќе стане збор за ќупот злато. Тие толку биле приврзани за заработеното благо што малку трошеле од него и многу му се восхитувале. Доколу некој им го пронајде или украде, тие се биле подготвени на се за да си го вратат – дури и да го убијат тој што го украл.
Еве како би изгледале Леприконите.
Уживајте !!!
Прочитајте









