Моника Левински е вечно вљубена во Бил Клинтон!
0 Коментари

Од admin
Објавено на 12 Mar 2011 во 12:09pm

Моника Левински (37), жената поради која поранешниот претседател на САД Бил Клинтон за малку ќе беше отстранет од Белата куќа, тврди дека сé уште е вљубена во него, пишува „Дејли мејл“.

Моника Левински и Бил Клинтон
Моника Левински и Бил Клинтон - monika lewinsky and bill clinton

Блиски пријатели на Левински во разговор за весникот откриваат дека таа веднаш би го примила Клинтон назад, доколку тој би се соочил со еден таков чекор. Само поради нејзината вљубеност во поранешниот претседател, и по 15 години од избувнувањето на аферата, таа сé уште е сама, немажена и без деца.

Моника Левински имаше само 22 години кога во 1995 година САД и светот разбраа за љубовно-сексуалната афера меѓу оваа млада жена и тогашниот претседател на САД. Клинтон во почетокот категорично тврдеше дека не ја познава, а потоа и дека немал ништо со таа жена, за подоцна да признае за врската и да побара извинување од Американците. Тогашната републиканска опозиција во Конгресот бараше поведување на постапката за отповикување на претседателот, но не дојде до тоа.

Прочитајте
Реклама

Оставете коментар