Фетел потпиша за Ред Бул до 2014 година
0 Коментари

Од admin
Објавено на 14 Mar 2011 во 4:00pm

Денес Ред Бул официјално ја потврди веста дека Себастијан Фетел, шампионот од минатата сезона, ќе остане како возач во тимот до карaјот на 2014 година. Ова ги отфрли шпекулациите дека Фетел ќе премине во Ферари. Договорот на Марк Вебер остaнал ист, до крајот на 2011 година.

Иако Фетел вози за Ред Бул од 2009 година, тој мисли дека компанијата ја подржува неговата кариера од 1998 година, кога бил дел од програмата за млади таленти; а и кога возеше за “сестрата“ на Ред Бул, Торо Росо од средината на 2007 до крајот на 2008 година. Во 2008 година Себастијан Фетел изненади со победата на Италијанското Гран При во Монца.

Германецот ќе ја брани титулата оваа година во болидот RB7. Пред-сезонските тестирања дадоа одличен резултат за него и за тимот, но Фетел е скромен во овој поглед велејќи дека не сака да се занесува уште од почеток.

Тој изјави: “Помина само една зима од последната моја победа, а сеуште не сум се тркал. Тоа што е реално е што болидот е одличен за возење и може да се смета на него. Задоволството кај неговата брзина се забележа уште на првите тестирања во Валенсија и одтогаш се има уште подобрено. Сега да се тркаме и да видеме до каде сме.“

Себастијан Фетел
Себастијан Фетел Sebastijan Fetel

Прочитајте
Реклама

Оставете коментар