Модни совети за како да изгледате послаби
0 Коментари

Од admin
Објавено на 03 Jun 2011 во 3:15pm

Професионалците во модната индустрија откриваат тајни како со едноставни модни трикови да изгледате послаби.Овој пат тие откриваат како со помош на модни додатоци и со комбинирање на различни нијанси и дезени на облеката ќе добиете шик изглед а во исто време ќе изгледате како да имате совршени пропорции.

1.Играјте со модните додатоци

За да добиете ефект на слабеење,треба да ги следните следниве трикови со модните додатоци.За да го истакнете вашето лице најдобро е да изберете долги обетки кои можете да ги комбинирате со долг ѓердан кој пак го истакнува деколтето.Овие модни додатоци во исто време визуелно ја зголемуваат и должината на вратот.Исто така за послаба линија препорачливо е да се носат сјајни алки кои го привлекуваат вниманието на зглобот наместо на горниот дел на раката.

Риана Rihanna

2.Истакнете го горниот дел
Еден од веќе проверените трикови кои го користат многу познати личности за послаба фигура е истакнувањето на горниот дел од телото.Истото најдобро се постигнува со џемпери,блузи,фустани и маички во Ве-израз и со многу детали .

манекенка manekenka

3.Изберете чевли во боја на вашата кожа
Чевлите во боја на кожата се уште еден револуционерен трик кој го користат познатите.Тие визуелно ја зголемуваат должината на нозете и со тоа ве прават послаби.Причина плус за да ги изберете овие чевли е тоа што истите се ИН оваа сезона.

манекенка manekenka

4.Изберете само една боја
Ако изберете голен и долен дел на облека во иста боја ќе добиете вертикална линија која повторно помага да се добие ефект на совршена линија.

манекенка manekenka

манекенка manekenka

Прочитајте
Реклама

Оставете коментар