Posts Tagged ‘актер’

Мартин Скорсезе ќе снима филм за љубовта на Елизабет Тејлор

Објавено на 03 Jun 2011 во 3:00pm

Мартин Скорсезе ќе снима филм за бурната врска меѓу Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.Филмот ќе биде базиран врз книгата на Сем Кешнер и Ненси Шоенбергер насловена како “Бурна љубов“ во продукција на “Парамоунт Пикчрс“.Филмот ќе говори за бурната врска на парот, кој се запознаа на снимањето на филмот “Клеопатра“ во 1963.Тие два пати се зедоа и се разведоа но нивната љубов како никогаш да не заврши.

Елизабет Тејлор и Мартин Скорсезе

Леонардо Ди Каприо и Бар Рафаели раскинаа

Објавено на 12 May 2011 во 4:00pm

Актерот Леонардо Ди Каприо и израелската моделка Бар Рафаели кои беа заедно веќе 5 години,ставиле крај на својата врска минатата недела. Наводно, причина за раскинувањето биле нивните професионални обврски кои ги однеле во различна насока, а на тоа се надоврзал и фактот што и двајцата не биле спремни за брак. Извор близок до двојката за “Њу Јорк Пост“ весникот изјавил дека иако веќе не се заедно, Леонардо и Бар се сеуште добри пријатели.

Леонардо Ди Каприо и Бар Рафаели

Чудните фобии на славните !

Објавено на 26 Apr 2011 во 6:00pm

1. Роберт Патинсон Глумецот неодамна изјави дека има фобија од кловнови.При неговата прва посета на циркус, уште како мало дете тој бил сведок на една несреќа во која на сцената починал кловн, и токму овој настан го предизвикал стравот од циркус и кловнови кај Патинсон.

Роберт Патисон

2. Кајли Миног Мора да е страшен хаос во спалната на убавата пејачка Кајли Миног.Таа во едно интервју открила дека ја застрашуваат закачалките и тоа токму поради звукот кој тие го предизвикуваат кога се закачуваат.

Кајли Миног

Мерилин Монро пред да стане Русокоса !

Објавено на 07 Apr 2011 во 7:05pm

Мерилин Монро пред да стане Мерилин Монро се викаше Норма Џин. Еве како изгледаше пред да го добие епитетот Најпопуларната Русокоса Девојка на сите времиња.

Уживајте !!!

Мерилин Монро

Репризните улоги во “Хобитот“

Објавено на 07 Apr 2011 во 5:30pm

Пред неполни 3 недели почна снимањето на филмската адаптрација на “Хобитот“, книга напишана од Џ.Џ.Р. Толкен (Џон Џералд Руел Толкен) која ја прераскажува извонредна авантура на 13 џуџиња, волшебник и еден хобит. Во неа е случката кога се наоѓа прстенот на моќта, главниот “протагонист“ на следните три книги “Господарот на Прстените“ од истиот автор.

Трите филмските адаптации на Господарот на Прстените, чија премиера беше 2001,2001 и 2003 година, остави траен печат на ремек дело во кинематографијата; восхитувачка сценографија, извонредни актер, ликови и глума; едноставно филм кој важи за најпопуларна трилогија на сите времиња (и ред други филмски неофицијални титули)

Илајџа Вуд во улогата на Фродо Багинс

Зад Камерата

Објавено на 01 Apr 2011 во 10:00am

Интересна комбинација на актери како работат и цел куп луѓе и камери околу нив. Посебно се оние кога се глуми лик од минатото а околу него технологија од денешницата.

Уживајте !!!

Фотографски црно-бели портрети на Херберт Ритс

Објавено на 31 Mar 2011 во 6:00pm

Херберт Ритс е американски фотограф познат по своите црно-бели модни фотографии, со посебен акцент фотографирањето на голо тело. Роден е во Лос Анџелес на 13ти Август 1952 година, син на Херберт Ритс Сениор бизнисмен со мебел и Ширли Ритс, дизајнер на интериер. Во Њујорк завршува високо образование за економија и уметничка историја, но љубовта кон фотографијата била посилна и го истакнала неговиот талент за фотографирање. Почина на 26 Декември 2002 година.

За време на 80те и 90те ги има фотографирано Мајкл Џордан, Мадона, Џони Деп, Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Бред Пит, Елизабет Тејлор, Анотнио Бандерас, Ричард Гир, Џек Николсон, Синди Крафорд и многу други.

Има работено за GQ, Esquire, Rolling…

Тони Михајловски

Објавено на 31 Mar 2011 во 12:10pm

Тони Михајловски.

Папараци фотографии од “Хобитот“

Објавено на 31 Mar 2011 во 12:00pm

Многу често забранетото е послатко. Папараците одсекогаш го имале носот за ексклузивна фотографија а и носот каде треба да се фотографира. Цел свет знае дека продукцијата на Питер Џексон “Хобитот“ се одржува во ГОЛЕМА тајност – перфектен оброк за папараците.

Фотографиите се од еден таков папараци кој како нинџа успеал да дојде до добра позиција за фотографирање. мета му биле приколките на актерите каде успеал да фотографира некој акери преправени во хобити или џуџиња. Се претпоставува дека првата фотографија е Мартин Фриман облечен како Билбо Багинс.

А и не само Папараците, фанови на Господарот на Прстените и Хобитот од целиот свет страшно посакуваат да знаат како се одвива снимањето. Прегладнети се…

Како се снима филмска сцена во автомобил !

Објавено на 31 Mar 2011 во 10:00am

Одамна помина времето кога филмска сцена во автомобил се снима со платно во позадина, каде се емитува претходно снимано возење со поглед од заднотот стакло. Прилично смешно изгледа денес кога ќе забележиме дека возењето во позадина е со голема брзина, а актерите “што возат“ мака си немат. Или што е најинтересно, на платното убаво се забележува вртење лева или десна кривина, а актерот цело време вози напред.

Нормално со тек на времето оваа технина на снимање е усовршена и сега може да се сними сцена во автомобил со прицврстување на камерата за автомобилот. Во овој случај, актерот треба со големо внимание да внимава каде вози за да не ја оштети…

Реклама

Повеќе

Архива на вести

May 2013
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
« Jun    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031