Влатко Илиевски, фронтменот на групата Морал, ќе ја претставува Македонија на годинaшната Евровизија!
Влатко Илиевски, годинешниов евровизиски представник, го сними спотот за неговата „Русинка“, по што официјалната промоција на видео записот ќе следува во текот на неделава.
Песната „Русинка“ доби видео запис
Во „Rock & Roll“ студиото спотот е сниман повеќе од 12 часа, под продукциска палка на „Exit B“. Карактеристично за спотот е тоа што е снимен во еден кадар со „far HD“ камера , без никаква монтажа и прекини.
Режисер на спотот е Бошко Столиќ, а главната улога и е доделена на манекенката Елена Трајановска. Покрај македонската, снимени се и хрватска, англиска и руска верзија на песната.
Се исполнија шпекулациите и предвидувањата, а според она од синоќа и подобро што е така. Во Дизелдорф боите на Македонија ќе ги брани една „Русинка“.
Влатко Илиевски ги освои симпатиите и на жирито и на публиката и ја доби честа да ја претставува Македонија во Германија. По пат на телевоутинг Влатко освои 3054 гласови, а стручното жири му додели 619 бода, што беше доволно за победа и негов премиерен настап на Евросонг.
На второто место се пласира Мартин Србиновски со песната “Рам там там” а третото место го освои групата Офсајд со песната “Секој ден”….

Можеш да се пријавиш на Зафатено твојата e-mail адреса за да добиваш интересни и забавни вести дирекно на твојот e-mail . Само внеси ја твојата e-mail адреса и кликни Пријави се!
| Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Jun | ||||||
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |