Posts Tagged ‘дизајн’

Модни совети за како да изгледате послаби

Објавено на 03 Jun 2011 во 3:15pm

Професионалците во модната индустрија откриваат тајни како со едноставни модни трикови да изгледате послаби.Овој пат тие откриваат како со помош на модни додатоци и со комбинирање на различни нијанси и дезени на облеката ќе добиете шик изглед а во исто време ќе изгледате како да имате совршени пропорции.

1.Играјте со модните додатоци

За да добиете ефект на слабеење,треба да ги следните следниве трикови со модните додатоци.За да го истакнете вашето лице најдобро е да изберете долги обетки кои можете да ги комбинирате со долг ѓердан кој пак го истакнува деколтето.Овие модни додатоци во исто време визуелно ја зголемуваат и должината на вратот.Исто така за послаба линија препорачливо е да се носат…

Шарапова ќе дизајнира облека за Најк

Објавено на 31 May 2011 во 3:30pm

Познатата тенисерка Марија Шарапова е пресреќна што ќе има прилика да дизајнира облека за брендот “Најк“. Таа до сега дизајнирала чевли,мобилни телефони па дури и бомбони, но како голем љубител на модата таа посебно се радува на можноста да дизајнира за брендот кој е и нејзин долгогодишен спонзор. За нејзиното модно деби да изгледа беспрекорно таа признава дека се консултирала и со најмоќната жена во модната индустрија, Ана Винтор. Марија сеуште се сеќава на зборовите на Ана која во нејзин стил ја предупредила “Внимавај,ако не успееш нема да имаш уште многу вакви прилики прилики“.

Марија Шарапова

Минијатурните згради на ЕВОЛ

Објавено на 25 May 2011 во 3:30pm

Германскиот уличен уметник ЕВОЛ ги користи досадните урбани површини и ги трансформира во уметнички дела.Тој создава минијатурни зградички со едноставно лепење на шеми со таков лик на кантите за ѓубре и сандачињата за струја.На зградите се забележуваат малечки балкончиња, па дури и сателитски антени кои понекогаш се толку реални што е тешко да се разликуваат од вистинските градби.

Уживајте !!!

Еспадрили за вистинско летно уживање

Објавено на 23 May 2011 во 2:50pm

Еспадрилите се обувки кои мора да ги имате во вашите плакари оваа сезона.Тие се повторни ИН и можат да се најдат во најразлични изданија,форми и бои.

Уживајте!!!

Нова креација на Јусуке Сузуки

Објавено на 16 May 2011 во 4:30pm

Уште една генијална идеја на уметникот Јусуке Сузуки. Неговата нова креација е кревет во облик на книга кој стана предмет на неговите интересни фотографии.Креветот на Јусуке го користат неговите деца за спиење, а со едно вртење на “страницата“ истиот го претвораат во место каде што можат да играат.

Уникатните обувки на Анастасија Радевич

Објавено на 16 May 2011 во 3:30pm

Инспирирана од футуристичкиот дизајн и архитектонските форми,Анастасија Радевич создаде уште една извонредна колекција на женски обувки.Оваа колекција за пролет-лето 2011, нарачена “Дримфол“, изобилува со интригантни и пред се уникатни чевли кои се сон на секоја жена со авангарден стил.

Уживајте во неколку од нив!!!

Пит Доерти ќе лансира своја модна линија

Објавено на 09 May 2011 во 4:00pm

Пит Доерти ќе лансира своја модна линија во соработка на францускиот бренд “Д Куплс“. Тие ќе соработуваат при изработката на модна линија за мажи и жени, која ќе вклучува спортски сакоа, палта и маички со кратки ракави. На маичките ќе можат да се видат цртежи и слики изработени од Пит, чија инспирација биле многуте несреќни ликови во делата на Бајрон. Ова не е прв обид на познатиот рокер да работи во областа на дизајнот. Во 2007 година тој дизајнираше колекција на маички во соработка со британскиот бренд Џио-Џио, а минатата година тој изработи линија составена од 15 парчиња на накит која вклучуваше прсетени,ланци и беџови. При создавањето на оваа…

Цртаните ликови како вистински луѓе

Објавено на 04 May 2011 во 4:30pm

Ако сте љубител на цртани филмови тогаш сигурно ги знаете сите нивни ликови. Но, дали некогаш сте се прашувале како би можело истите да изгледаат ако се вистински личности? Ако да,тогаш погледнете !!!

“Животински“ кармин

Објавено на 04 May 2011 во 3:30pm

Пеиџ Томсон, или уште попозната под псевдонимот “Виридис-Сомнио„ е американска сликарка на тело, а нејзино најпознато дело е колекцијата на животни кои таа ги црта на нејзините усни. Таа ги искористила своите извонредно обликувани усни, и ги претворила во нешто навистина креативно.

Уживајте!!!

Уметност: Лименки од Пиво

Објавено на 03 May 2011 во 11:00am

Ако не ви се собираат лименките од пиво за рециклажа, еве интересни идеи во што би можеле да ги претворите.

Уживајте !!!

Реклама

Повеќе

Архива на вести

June 2013
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
« Jun    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930