Posts Tagged ‘ред бул’

Која храна колку вештачки шеќери содржи !

Објавено на 11 Apr 2011 во 4:30pm

Како интересна замена за текст за секоја храна и пијалок колку вештачки шеќер содржи во себе, еве една галерија која сликовито ќе прикаже по колку “коцки шеќер“ изнесува содржината. Некоја од следните продукти веќе ги имаме на овие простори, за другите имаме слични.

Уживајте !!!

Сникерс

Скитлс бомбони

Карамел бомбони

Сладолед

Фетел победник на трката во Мелбурн

Објавено на 27 Mar 2011 во 10:49am

Себастијан Фетел со извонредно возење победи на денешната трка во Мелбурн. Веднаш зад него заврши Луис Хамилтон кој издржи половина трка со скршен под, а пријатното изненадување пристигна од Виталиј Петров како трето пласиран.

Трката изобилуваше со возбудувања уште на самиот старт. Фетел, Хамилтон и Вебер си ги задржаа стартните позиции во првиот круг за разлика од Алонсо кој одлучи широко да ја помине првата крвиниа со што од четврто заврши на 9то место. Оваа можност одлично ја искористи Петров кој од 6 место се намести на 4та позиција.

За кратко време битка се водеше помеѓу Џенсон Батон и Фелипе Маса. Мекларенот очигледно беше побрз, но искуството на Маса не…

Себастијан Фетел на пол-позиција во Австралија

Објавено на 26 Mar 2011 во 11:55am

Себастијан Фетел ќе стартува на пол-позицијата на утрешното Гран При во Австралија. Веднаш до него ќе е возачот на Мекларен, Луис Хамилтон. Како интересно шаренило, на третата позиција се најде истот така возач на Ред Бул, Марк Вебер а по не него повторно возач на Мекларен, Џенсон Батон.

Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Марк Вебер

За разлика од вчерашните тренинзи кога едниствена разбиена бариера беше 1:26 секунди од страна на мекларен, денес сите конкурети без проблем пробиваа повеќе од тоа. Себастијан Фетел беше прв со 1:23.529 секунди, Луси Хамилтон со 1:24.307, Марк Вебер со 1:24.395 и Џенсон Батон…

Мекларен прв на петочните тренинзи

Објавено на 25 Mar 2011 во 2:58pm

Новата сезона во Формула 1 почна денес со првите две тренинг сесии на патеката Алберт Парк во Сиднеј, Австралија. Се случи нешто што многумина не го очекуваа, доминација на Мекларен и покрај се што минаа низ пред-сезонските тренинзи.

Првата тренинг сесија мина без изненадувања со најбрзи времиња постигнати од возачите на Ред Бул – Марк Вебер со извозени 20 круга постигна најдобро време од 1:26.831 сек.; и Себастијан Фетел со 19 извозени круга постигна време од 1:27.158 сек. Веднаш после него следуваа Фернандо алонсо од Ферари, Нико Розберг од Мерцедес, Рубенс Баричело од Вилијамс и двата возачи на Мекларен Јенсон Батон на 6-то и Луис Хамилтон на 7-то место.

Џенсон Батон

Зафатени Фотографии No.8

Објавено на 24 Mar 2011 во 5:00pm

Соберено и Зафатено.

Уживајте !!!

Фетел потпиша за Ред Бул до 2014 година

Објавено на 14 Mar 2011 во 4:00pm

Денес Ред Бул официјално ја потврди веста дека Себастијан Фетел, шампионот од минатата сезона, ќе остане како возач во тимот до карaјот на 2014 година. Ова ги отфрли шпекулациите дека Фетел ќе премине во Ферари. Договорот на Марк Вебер остaнал ист, до крајот на 2011 година.

Иако Фетел вози за Ред Бул од 2009 година, тој мисли дека компанијата ја подржува неговата кариера од 1998 година, кога бил дел од програмата за млади таленти; а и кога возеше за “сестрата“ на Ред Бул, Торо Росо од средината на 2007 до крајот на 2008 година. Во 2008 година Себастијан Фетел изненади со победата на Италијанското Гран При во Монца.

Германецот ќе ја…

Реклама

Повеќе

Архива на вести

June 2013
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
« Jun    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930