Posts Tagged ‘снимање’

Зад Камерата

Објавено на 01 Apr 2011 во 10:00am

Интересна комбинација на актери како работат и цел куп луѓе и камери околу нив. Посебно се оние кога се глуми лик од минатото а околу него технологија од денешницата.

Уживајте !!!

Папараци фотографии од “Хобитот“

Објавено на 31 Mar 2011 во 12:00pm

Многу често забранетото е послатко. Папараците одсекогаш го имале носот за ексклузивна фотографија а и носот каде треба да се фотографира. Цел свет знае дека продукцијата на Питер Џексон “Хобитот“ се одржува во ГОЛЕМА тајност – перфектен оброк за папараците.

Фотографиите се од еден таков папараци кој како нинџа успеал да дојде до добра позиција за фотографирање. мета му биле приколките на актерите каде успеал да фотографира некој акери преправени во хобити или џуџиња. Се претпоставува дека првата фотографија е Мартин Фриман облечен како Билбо Багинс.

А и не само Папараците, фанови на Господарот на Прстените и Хобитот од целиот свет страшно посакуваат да знаат како се одвива снимањето. Прегладнети се…

Како се снима филмска сцена во автомобил !

Објавено на 31 Mar 2011 во 10:00am

Одамна помина времето кога филмска сцена во автомобил се снима со платно во позадина, каде се емитува претходно снимано возење со поглед од заднотот стакло. Прилично смешно изгледа денес кога ќе забележиме дека возењето во позадина е со голема брзина, а актерите “што возат“ мака си немат. Или што е најинтересно, на платното убаво се забележува вртење лева или десна кривина, а актерот цело време вози напред.

Нормално со тек на времето оваа технина на снимање е усовршена и сега може да се сними сцена во автомобил со прицврстување на камерата за автомобилот. Во овој случај, актерот треба со големо внимание да внимава каде вози за да не ја оштети…

Први Фотографии од сцената на “Хобитот“

Објавено на 21 Mar 2011 во 12:00pm

Старт на продукцијата со две фотографии од Питер Џексон како влегува во домот на Билбо Багинс и како пуши луле.

Прекрасно … едноставно ПРЕКРАСНО !!!

Питер Џексон влегува во куќата на Билбо Багинс

Питер Џексон како пуши луле

Гангстерот по име Бред Пит

Објавено на 14 Mar 2011 во 6:28pm

Пред три дена почна снимањето на филмот Cogan’s Trade каде Бред Пит го игра гангстерот Џеки Коган, мафијаш кој истражува кражба случена за време на Покер игра. Локацијата на снимањето е во Њу Орлеанс.

Како што се гледа по сликата, Бред Пит ја има аурата на гангстер. Кога тоа ќе се комбинира со неговиот незаменлив талент за глума, ќе биде филм и пол за гледање. Ништо чудно ако глумата му даде номинација за престижна филмска награда. Само потсетете се на неговата глума во Неславни Копилиња (Inglorious Bastards) на Квентин Тарантино и се ќе ви е јасно.Според изјавите на екипата на сетот, Пит бил многу ведар и расположен за работа….

Џејмс Бонд против Ханибал Лектор

Објавено на 05 Mar 2011 во 2:05pm

Ентони Хопкинс е во преговори да биде главниот негативец во новиот Џејмс Бонд филм. Замислете ја само комбинацијата на “Ханибал Лектор” (Кога Јагнињата ќе стивнат,Ханибал и Црвениот Змеј) и MI6 агент со дозвола за убиство. Ветеранскиот професионализам на Ентони Хопкинс Хопкинс и Даниел Крег, кои многумина го имат отценето како најдобриот Џејмс Бонд после Шон Конери, најверојатно ќе резултира со култни сцени. Се претпоставува дека пречка во преговорите се веќе потпишаните договори на Ентони Хопкинс за глумење во неколку филмови. Но, нема да е првпат продуцентите и режисерите да најдат решение во вакви ситуации.

“Хобит“ почнува со снимањето на 21 Март

Објавено на 04 Mar 2011 во 9:00pm

После сите турбуленции кои се случија во Нов Зеланд оваа година, конечно одреден е датум кога Питер Џексон ќе почне со снимањето на долгоочекуваната екранизација на книгата “Хобит“ од Толкен. Првото “Action” Питер Џексон ќе го изговори на 21 Март. Во тек се подготовките околу локациите за снимање. Актерите кои пристигнаа во Нов Зеланд на крајот од Јануари веќе месец и половина тренираат како да јаваат, да се мечуваат и слично.

Питер Џексон

Реклама

Повеќе

Архива на вести

May 2013
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
« Jun    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031