Posts Tagged ‘формула 1’

Физичка рекреација на Формула 1 возачите

Објавено на 04 Apr 2011 во 2:00pm

Иако се само возачи, луѓето зад воланот поминуваат интензивни фитнес програми за да бидат способни да се справат со машина која се движи со голема брзина на подолго време.

Луис Хамилтон

Во просек, Формула 1 болидот достигнува максимална брзина од околу 320 km на час; брзина создадена од возачот и брзина која треба да се контролира од возачот. Самата инерција при кочење и совладување на крвините бара цвстри вратни мускули за чие зацврстување имаат посебни вежби. Една од нив е лежење настрана и ставање на мал тег на главата. Вежбата не соджи класични повторувања, туку, држење…

Луис Хамилтон во Cars 2

Објавено на 28 Mar 2011 во 4:27pm

Анимацијата на Пиксар, Cars 2 му обезбеди учество на Луис Хамилтон, Формула 1 возачот на Мекларен. Оваа информација Луис Хамилтон денес ја соопшти на Твитер.

Ако убаво се сеќавате, во првиот дел на Cars имаше уште еден формула 1 возач – Михаел Шумахер. Еве како изгледа автомобилската верзија на Луис Хамилтон.

Луис Хамилтон во Cars 2

Луис Хамилтон

Фетел победник на трката во Мелбурн

Објавено на 27 Mar 2011 во 10:49am

Себастијан Фетел со извонредно возење победи на денешната трка во Мелбурн. Веднаш зад него заврши Луис Хамилтон кој издржи половина трка со скршен под, а пријатното изненадување пристигна од Виталиј Петров како трето пласиран.

Трката изобилуваше со возбудувања уште на самиот старт. Фетел, Хамилтон и Вебер си ги задржаа стартните позиции во првиот круг за разлика од Алонсо кој одлучи широко да ја помине првата крвиниа со што од четврто заврши на 9то место. Оваа можност одлично ја искористи Петров кој од 6 место се намести на 4та позиција.

За кратко време битка се водеше помеѓу Џенсон Батон и Фелипе Маса. Мекларенот очигледно беше побрз, но искуството на Маса не…

Себастијан Фетел на пол-позиција во Австралија

Објавено на 26 Mar 2011 во 11:55am

Себастијан Фетел ќе стартува на пол-позицијата на утрешното Гран При во Австралија. Веднаш до него ќе е возачот на Мекларен, Луис Хамилтон. Како интересно шаренило, на третата позиција се најде истот така возач на Ред Бул, Марк Вебер а по не него повторно возач на Мекларен, Џенсон Батон.

Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Марк Вебер

За разлика од вчерашните тренинзи кога едниствена разбиена бариера беше 1:26 секунди од страна на мекларен, денес сите конкурети без проблем пробиваа повеќе од тоа. Себастијан Фетел беше прв со 1:23.529 секунди, Луси Хамилтон со 1:24.307, Марк Вебер со 1:24.395 и Џенсон Батон…

Мекларен прв на петочните тренинзи

Објавено на 25 Mar 2011 во 2:58pm

Новата сезона во Формула 1 почна денес со првите две тренинг сесии на патеката Алберт Парк во Сиднеј, Австралија. Се случи нешто што многумина не го очекуваа, доминација на Мекларен и покрај се што минаа низ пред-сезонските тренинзи.

Првата тренинг сесија мина без изненадувања со најбрзи времиња постигнати од возачите на Ред Бул – Марк Вебер со извозени 20 круга постигна најдобро време од 1:26.831 сек.; и Себастијан Фетел со 19 извозени круга постигна време од 1:27.158 сек. Веднаш после него следуваа Фернандо алонсо од Ферари, Нико Розберг од Мерцедес, Рубенс Баричело од Вилијамс и двата возачи на Мекларен Јенсон Батон на 6-то и Луис Хамилтон на 7-то место.

Џенсон Батон

Алонсо не го исклучува Мекларен од “Подиумската Равенка“ !

Објавено на 15 Mar 2011 во 3:59pm

Фернандо Алонсо вели дека е многу рано да се исклучи Мекларен како сериозен борец за титулата. Иако тимот имаше серија проблеми на почетокот оваа година, сепак тој вели дека се подобри одколку што изгледаат.

“ Зимските тестирања не даваат целосна слика. Можеби тие очекуваа повеќе, според тоа што го изјавуваа. Можеби се на најдобро ниво кое можат да го постигнат, а очекуваа да бидат меѓу првите. Ќе видеме што ќе се случи во Австралија. Мекларен нема да се бори за 10то место. Тие ќе бидат многу блиску до подиумот.“

Фернандо Алонсо

Алонсо исто така ги отфрли…

Фетел потпиша за Ред Бул до 2014 година

Објавено на 14 Mar 2011 во 4:00pm

Денес Ред Бул официјално ја потврди веста дека Себастијан Фетел, шампионот од минатата сезона, ќе остане како возач во тимот до карaјот на 2014 година. Ова ги отфрли шпекулациите дека Фетел ќе премине во Ферари. Договорот на Марк Вебер остaнал ист, до крајот на 2011 година.

Иако Фетел вози за Ред Бул од 2009 година, тој мисли дека компанијата ја подржува неговата кариера од 1998 година, кога бил дел од програмата за млади таленти; а и кога возеше за “сестрата“ на Ред Бул, Торо Росо од средината на 2007 до крајот на 2008 година. Во 2008 година Себастијан Фетел изненади со победата на Италијанското Гран При во Монца.

Германецот ќе ја…

Невозможно е да се предвиди враќањето на Кубица

Објавено на 10 Mar 2011 во 4:00pm

Главниот доктор на Рено Ф1 тимот, Рикардо Цекарели, изјави дека во моментот не може да се предвиди дали Робер Кубица ќе биде физички способен да се трка до крајот на оваа сезона.

Робер Кубица, возачот на Рено Ф1 тимот, на 6 Фебруари преживеа тешка несреќа возејќи ја првата етапа од релито Ronde di Andora со специфицирана Шкода Фабиа Супер. Во најголемата брзина авомобилот излетал од патеката и урдил во париере. Кубица беше заглавен во колата повеќе од еден саат пред да дојде прва помош. Несреќата ја остави едната рака неподвижна.

Докторот го искажа задоволството од успехот на сите хируршки интервенции направени досега врз Робер Кубица. Тој веќе почнал да ги…

Вештачки дожд на F1 трка !?

Објавено на 04 Mar 2011 во 6:28pm

Берни Еклстоун доби идеа да се креира вештачки дожд за време на F1 трка со помош на прскалки. Целта е да се направат трките поинтересени и да се создадат услови за повеќе претекнувања помеѓу болидите. Само што го пофаливме Екслтоун пред некој ден во наша статија, тој почна да ја претерува.

Болидите го следат Возилото за Безбедност

Марк Вебер во едно интервју за BBC истакна дека вакава идеа доколку се оствари, F1 легендите кои беа мајстори во возење на дожд (Аритон Сен и Џими Кларк) ќе се вртат во гробот. Тој исто така истакна дека вистинскиот дожд е доволен…

Не е се завршено со трката во Бахреин

Објавено на 01 Mar 2011 во 7:35pm

Иако е откажана премиерната трка за големата награда на Бахреин во престојната 2011 Формула 1 сезона, сепак постојат можности таа да биде вметната во календарот за време на шампионатот. Има предлог таа да се закаже како завршна трка во Ноември, веднаш по трката во Абу Даби. Сето тоа ќе се дознае во текот на овој месец.

Старт на Формула 1 трка во Бахреин

Формула 1 календарот по втор пат го има Гран Прито во Бахреин како прва трка во сезоната. Но поради политичките проблеми кои почнаа да се случуваат на крајот…

Реклама

Повеќе

Архива на вести

May 2013
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
« Jun    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031