Не постои човек кој не е луд по чоколада. А за оние кои го сакаат чоколадото а во исто време се заљубеници и во убавиот дизајн, овие чоколада се вистински погодок. Станува збор за чоколади со уникатна обвивка “Чоколади со став“ ,дизајнирани од страна на данската дизајнерска компанија Бесермахен. Биле произведени 12 000 рачно изработени парчиња чоколади, а за нивниот дизајн бил задолжен Хенрик Конеруп. Секое чоколадо тежи 50 грама, поделени на 4 квадратчиња, а на секое од нив стои и логото на дизајнерската куќа.
Доволно е само да ги видете првите две слики од галеријата и да ве фати стрв за еден чоколаден вкус на вашиот патетит. Слиликите сами ќе си кажат зошто толку сакаме чоколадо со палачинки, чоколадо во колачите, чоколадо на леб, чоколадо јадено директно со лажица – а и зошто нутелата е избор број 1.
Уживајте !!!
Секоја есен Париз е домаќин на еден од најголемите чоколадни саеми во светот – Salon du Chololat. Почнувајки од 1994 година, саемот привлекува многубројни посетители и туристи кои се восхитуваат на неодоливите креации слатки задоволства. Големата популарност го прошета саемот во Њу Јорк, Токио, Москва и Пекинг. Последното негово патување беше во Шангај 2010 година. Оваа година Salon du Chocolat ќе се одржи од 19 до 21 Октомври во 5та хала на Porte de Versailles. Не можеме да ви понудиме од чоколадите, но можеме да ве почестеме со една “чоколадна“ галерија на Salon du Chocolat

Можеш да се пријавиш на Зафатено твојата e-mail адреса за да добиваш интересни и забавни вести дирекно на твојот e-mail . Само внеси ја твојата e-mail адреса и кликни Пријави се!
| Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Jun | ||||||
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |